Меси веќе не можеше да молчи и изјави нешто што ги здрма сите навивачи на Барселона

Додека Реал Мадрид ја слави титулата во Примера, во каталонската престолнина Барселона владее разочарување. Барселона го препушти тронот на својот најголем ривал, а капитенот Лионел Меси не можеше веќе да молчи, па по неочекуваниот пораз од Осасуна на „Камп ноу“, реши да ја „отвори душата“.

„Не очекувавме вака да се заврши. Во текот на целата сезона игравме слабо, а тоа што се случи вечерва против Осасуна е само доказ за тоа. Мора да бидеме самокритични, а не да гледаме што се случуваше во Мадрид. Тие си ја завршија својата работа. Ние сме Барселона и секогаш треба да победуваме. Ако нешто не промениме, ќе загубиме и од Наполи во Лигата на шампионите“, рече разочараниот Меси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести