20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Меси: Веќе не сум опседнат толку со постигнување голови

Најдобриот светски фудбалер за минатата година, Лионел Меси, не крие дека си ги сменил приоритетите и веќе не му е толку важно да постигнува голови како некогаш.

„Денеска сум помалку опседнат со головите. Се обидувам да придонесам максимално за тимот“, вели Меси, кој во интервјуто говореше и за ситуацијата во светот и истакна дека најголем проблем на човештвото е нееднаквоста и немањето пристап до вода, струја и храна за сите луѓе, особено во време на пандемија.

Меси во минатата сезона не постигна толку многу голови како порано, но имаше доста асистенции и екипите за коишто игра (Барселона и репрезентацијата на Аргентина), сепак уште се зависни од него и тој е играчот од кого сите очекуваат да направи нешто што ќе придонесе за победа.

- Оглас -

Најнови вести