Аргентина чекаше 36 години и на крајот дочека да биде светски фудбалски првак и тоа откако дури по подобро изведување на пенали ја победија Франција. Лионел Меси како вистински капитен, со два гола во 120 минути драма е херојот на Гаучосите кои по трет пат во историјата се планетарен владетел и оваа привилегија ќе ја имаат во следните четири години.
Во епското финале во Катар, Аргентина имаше водство од 2:0, а потоа и од 3:2 во продолженијата, но Франција со трите гола на Килијан Мбапе прво стигна до 2:2, а потоа и до 3:3 за да на крајот мораше да се шутираат пенали.
Во пенал драмата, први шутираа Французите: Мбапе за 0:1 за Франција, Меси израмни на 1:1, Коман шутира, Мартинез брани 1:1, Дибала 2:1, Чуамени шутира покрај гол, Паредес 3:1, Коло Муани 3:2, Монтиел 4:2.