Меси влезе во игра, после две минути даде гол за победа и прослави како Ѓоковиќ (Видео)

Интер Мајами е нов лидер на Источната конференција во северноамериканската МЛС лига, откако ја победи Филаделфија јунион со 2-1.

За Розевите од Мајами ова е четврта победа по ред, а имаат и еден меч помалку од второпласираната Филаделфија.

Најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси, влезе во игра во 55-та минута при 1-0 за неговиот тим, и само две минути подоцна даде гол за 2-0.

Интересна беше неговата прослава симулирајќи тениски форхенд, веројатно посветувајќи му ја на Новак Ѓоковиќ со кого се сретнаа после полуфиналето на Новак на Мастерсот во Мајами.

Асистент беше другар му Луис Суарез кој ја почна убавата контра, а ја заврши Меси со гол со неговата послаба десна нога.

- Оглас -

Најнови вести