17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Меси во 2013 година го одбил Реал, а во 2014 се договорил со Челзи, но Деко ја расипал работата

Лионел Меси пред шест лета се согласил да потпише за Челзи, лондонските Сини биле подготвени за него да платат 250 милиони евра и годишна плата од дури 50 милиони фунти, но трансферот пропаднал откако Деко „ургирал“ кај таткото на Меси, тврди италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио во својата книга „Гранд хотел калчомеркато“.

Не се знае што толку лошо кажал Деко за Челзи и за Жозе Мурињо, па што Хорхе и Лео Меси се премислија и сепак ја одбиле богатата понуда од Челзи и остана во Шпанија, каде што беше гонет за затајување данок и мораше да плати многу пари за да избегне затвор. Има и верзија според која, Деко како посредник бил лут што Меси без негово знаење тајно разговарал со Мурињо. Меси тврдел дека немал никаков разговор со Мурињо, но веќе било доцна.

Во 2013 година и Реал Мадрид се обидел да го „украде“ Аргентинецот, според Ди Марцио и Реал нудел отштета од 250 милиони, но Меси веднаш ја одбил понудата бидејќи не сакал да изврши предавство и на емисарите на Кралскиот клуб им порачал да не си го губат времето.

- Оглас -

Најнови вести