Меси во Америка го запозна човекот по кој го добил своето име (Фото)

Лионел Меси очигледно ужива во својот живот во Соединетите Американски Држави, каде што по заминувањето од ПСЖ одлучи да ја продолжи кариерата во Интер Мајами. За него и неговото семејство, преселбата во Америка беше одличен избор, бидејќи успеаја да се повлечат од фокусот на јавноста и да уживаат во приватноста која им ја нуди Мајами, што беше вистинско освежување за него, како еден од најпознатите спортисти на светот.

Иако беше под постојан надзор додека играше во Европа, Меси е изненаден колку му е добро во Соединетите Држави, каде што најде мир што не го имаше за време на своите години во Барселона и во Париз.


Во Мајами, често се среќава со познати личности, меѓу кои има многу актери, пејачи, бизнисмени, но и други спортисти кои сакаат да се запознаат со фудбалската легенда.

На еден натпревар на Интер беше присутен и легендарниот американски пејач Лионел Ричи, според кој Меси го добил своето име. Ричи со воодушевување порача:


„Кога Лионел ќе се сретне со Лионел. Неговата мајка му го дала името по мене и еве нас сега заедно. Прекрасно е да те запознаам конечно по сите овие години.”

Меси, кој не можеше да го сокрие своето воодушевување, му се заблагодари на Ричи и рече дека неговата мајка ќе биде пресреќна кога ќе ја види нивната заедничка фотографија.

- Оглас -

Најнови вести