Меси во договорот со Интер Мајами има клаузула „Дејвид Бекам“

Мнозинскиот сопственик на Интер Мајами, кубанскиот бизнисмен Хорхе Мас, откри дека во договор на Лионел Меси со Интер има специјална клаузула „а-ла Дејвид Бекам“.

Со таа клаузула, на Меси му се овозможува после завршувањето на договорот во 2025 година, да стане член на раководството на клубот.

Прашање е дали Меси ќе сака да се пензионира следната година, но ако се реши на таков потег, го чека сигурно работно место. Мас рече дека Меси во Интер заработува од 50 до 60 милиони долари годишно.

- Оглас -

Најнови вести