Меси во еден сегмент ги стигна Раул и Роналдо (видео)

На Барселона ѝ беа потребни само три минути да поведе на гостувањето кај Славија Прага, во мечот од третото коло во ЛШ. За 1-0 во корист на Каталонците стрелаше капитенот Лео Меси, па аргентинската мегаѕвезда уште еднаш го врежа своето име во историските книги на најелитното континентално натпреварување.

Имено, Славија е 33-тиот различен тим против кого Меси постигна гол во Лигата на шампионите израмнувајќи се со ексголгетерите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Раул Бланко.

Воедно, Меси е единствениот фудбалер на Барселона кој постигнал барем еден погодок во 15 последователни сезони во ЛШ, несомнено уште еднаш потврдувајќи го статусот на еден од најдобрите напаѓачи во историјата на ова натпреварување.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1187083884279808002

https://twitter.com/FootballNerd5/status/1187083654964473856

На останатите средби кои започнаа во 21 часот, Бенфика води со 1-0 против Лион, Ливерпул исто така минимално води на гости кај Генк, како и Наполи со 1-0 против Салцбург, а Мартинес му донесе водство на Интер против Б. Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести