Меси во Мадрид на фамилијарен ручек со Суарес (Фото)

Лионел Меси и Луис Суарес со сопругите беа на ручек во еден мадридски ресторан и тоа беше доволна причина за еден куп шпекулации околу тоа зошто се сретнаа и што си кажале еден на друг. Муабетите одат од тоа дека Суарес му порачал на Меси да му се придружи во Атлетико, до тоа дека Аргентинецот му кажал на Уругваецот дека си заминува од Барселона, па сакале да се поздрават бидејќи во иднина поретко ќе се гледаат.

Најсигурно е дека Меси на својот пријател му посакал да ја освои титулата со Атлетико кога веќе Барса не може да биде прва. Меси и Суарес се видоа и пред околу две недели, кога Јорганџиите им гостуваа на Каталонците, па затоа беше и изненадување што Аргентинецот отпатува до Мадрид токму сега.

 

- Оглас -

Најнови вести