Меси: Во недела дефинитивно ќе биде мојот последен настап на Светските првенства

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси нема намера да го прекрши даденото ветување дека в недела за последен пат ќе игра на Светските првенства.

Меси има можност на најдобар начин да се прости од Мундијалите бидејќи Аргентина в недела ќе игра во финалето на СП што се одржува во Катар со победникот од дуелот Франција – Мароко.

„Горд сум што имам можност да ја завршам одисејата на Светските првенства со настап во финалето. Тоа што го доживеав е возбудливо и сигурно натпреварот в недела ќе биде последен за мене на Светските првенства. До идното СП има доста време, четири години, и не верувам дека ќе бидам во можност да играм. Поради тоа, се надевам дека сè ќе се заврши на најдобар начин“, изјави Меси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести