Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, прифати да се појави во спотот на порториканскиот рапер Ресиденте, а улогата му е да се бакнува со сопругата Антонела. Во песната се пее за тоа дека треба да се бакнуваме пред да дојде крајот на светот.
Меси и Антонела првпат јавно се појавуваат во вакво светло и со светот споделија интимен момент во кој покажуваат колку се сакаат. Во спотот има уште еден аргентински фудбалер, Пауло Дибала, кој се бакнува со неговата поубава половина Оријана Сабатини.
Спотот трае малку повеќе од седум минути, а бакнежот на Меси е по две минути од почетокот на видеото, додека Дибала е 40-тина секунди подоцна.