Шеиците го исмеваа Лионел Меси (Видео)

Ал-Наср убедливо со 6:0 го победи Интер Мајами во меч кој се најавуваше како „последен танц меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо“, но тоа не се случи. Поради повреда, Роналдо остана на трибините, а Меси одигра само неколку минути на теренот во Ријад.

Тимот од Саудиска Арабија беше доминантен и уште по неполни 15 минути игра, водеше со 3:0, а потоа во вториот дел постигна уште три погодоци за фантастични 6:0 за домаќините.

Во 83-тата минута во игра кај Интер Мајами влезе Меси, а тоа го искористија шеиците, кои беа на трибините. Дел од богаташите во Саудиска Арабија решија да го „поздрават“ Меси покажувајќи му дека резултатот е 6:0.

https://twitter.com/i/status/1753145834785390911

Овој меч го одбележа и голот на Лапорт постигнат од неверојатни 70 метри.

- Оглас -

Најнови вести