Меси во вторникот го стигна рекордот на Роналдо, но Кристијано во средата повторно му избега!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо покажуваат дека уште се главни во Лигата на шампионите. Тоа се и двајцата фудбалери кои се хероите на третото коло во елитната лига на УЕФА, откако беа стрелци на погодоци со кои нивните екипи стигнаа до победи.

ПСЖ губеше со 2:1 од Лајпциг, кога Меси реши да се разигра и со два погодоци направи комплетен пресврт и победа на Светците од 3:2. Лајпциг беше 37-ми различен клуб на кој Меси му дал гол во ЛШ и со тоа го израмни рекордот на Роналдо. Сепак, Аргентинецот само еден ден беше „рамо до рамо“ со Роналдо.

Кристијано синоќа погоди за победа на Манчестер јунајтед против Аталанта, и тоа во меч на кој Црвените ѓаволи губеа со 0:2 на полувреме. Португалецот погоди во 81-вата минута за победа од 3:2 на Манчестер. Тој гол на Роналдо беше рекорден затоа што Аталанта е 38-миот различен клуб на кој тој му дава гол во ЛШ и повторно му избега на големиот ривал Меси.

Интересно е што само 17 фудбалери во историјата на европските купови успеале да постигнат 38+ погодоци, колку што Роналдо има клубови на листата на кои им ги тресел мрежите.

 

- Оглас -

Најнови вести