Меси за неколку часа може да потпише за новиот клуб

По повеќе од 20 години поминати во Барселона, вчера пристигна информација дека е ставена крај на „љубовта“ со Лионел Меси. Договорот на Меси со каталонскиот гигант истече пред еден месец, а официјално од Барселона потврдија дека нема да има нов договор за Аргентинецот.

Малку се клубовите коишто може да си дозволат да го доведат Меси во своите редови. Како прв фаворит за добивање на потписот на Аргентинецот е Пари Сен Жермен. Само пред неколку дена Меси објави фотографија на која беа и фудбалерите на Светците, Нејмар, Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Марко Верати.

ПСЖ летово прави дрим тим и веќе во своите редови ги доведе Џиџи Донарума, Серхио Рамос, Џорџинио Вајналдум и Ашраф Хакими. Интересно е што овие играчи дојдоа како слободни и ПСЖ не плати за нивното доаѓање, а тоа сега треба да го направи и со Меси.

Освен ПСЖ, како клубови кои може да си дозволат да го имаат Меси во своите редови се спомнуваат Манчестер сити и Интер Мајами, но малку е веројатно дека тие може да ја добијат оваа трка со францускиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести