Парис Сен Жермен доживеа неочекувана елиминација во осминафиналето од Купот на Франција откако на пенали загуби од Ница.
Лео Меси за првпат ја носеше десетката на дресот во новиот тим, а тренерот Маурицио Покетино излезе со најдоброто што го има во моментов и на крајот по 90 минути беше без голови.
Веднаш се премина на изведување на пенали, каде што одлучувачкиот го промаши талентираниот Чави Симонс, кој дојде од академијата на Барселона, па на крајот Ница со 5:6 се радуваше на пласман понатаму.
Дополнително ќе се знае опонентот на победникот од оваа средба, откако Француската федерација ќе ги извлече паровите за во четврт-финалињата.
Ваквиот резултат и настапот не се најдобра увертира за дербито против Реал Мадрид во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.