Лионел Меси за првпат по одлуката да остане во Барселона уште една сезона, се појави на фотографии промовирајќи го третиот дрес на екипата во пресрет на сезоната 2020/21.
Каталонците на официјалниот профил на „Инстаграм“ објавија фотографија со Меси како го носи розевиот дрес. Инаку денес се очекува капитенот да им се приклучи на подготовките и да го одработи првиот тренинг под водство на новиот тренер Роналд Куман.