Со тешкиот пласман во четвртфиналето, репрезентацијата на Аргентина се спаси од огромен срам, и сега со сосема друга мотивација ќе им пристапи на елиминациските дуели, а првиот е против Венецуела.
Првата ѕвезда Лионел Меси, денеска слави роденден, полни 32 години, и желба му е да освои трофеј со националниот тим, но се пожали дека поради лошите терени, тешко ја контролира топката.
„Ни се даде втор живот, и мора да ја искористиме оваа шанса. Беше тешко бидејќи притисокот и стравот беа огромни, но ни олесни после првиот гол кој го дадовме рано. Сега почнува вистинската Копа Америка, веќе никој нема право на грешка. Сите терени на кои игравме досега беа многу лоши, топката постојано отскокнува неправилно. Тешко е да се игра. Против Венецуела нема да биде лесно, знаат што прават на теренот“ – изјави Меси кој многу често својот роденден го слави додека е на подготовки со репрезентацијата или игра за Аргентина.