Интер Мајами со пораз од ПСЖ (4-0) го заврши настапот на Светското клупско првенство во осминафиналето. Победникот беше одлучен уште во првото полувреме, а Лионел Меси е задоволен од прикажаното и како што вели беа поразени од освојувачот на Лигата на шампионите.
„Ваков натпревар и очекувавме. Дадовме се од себе, но мислам дека оставивме добар впечаток на Светското клупско првенство. ПСЖ е одлична екипа, актуелни победници на Лигата на шампионите и вистината е дека играат многу, многу добро. Загубивме од тим во кој има луѓе што многу ги ценам и ми беше мило што повторно ги видов. Си одиме од Светсокто клупско првенство во гордост што ја остваривме целта, да бидеме помеѓу најдобрите 16 екипи. Сега е време да се фокусираме на МЛС и на се што ни следи.“ – рече Лионел Меси после елиминацијата од клупскиот Мундијал.