Меси застана во одбрана на Роналдо

Кога се работи за индивидуалните остварувања, најголем ривал на Лионел Меси во изминативе 10-тина години е Кристијано Роналдо. Аргентинецот синоќа ја освои шестата „Златна топка“ и сега го надмина Роналдо кој остана на пет вакви признанија.

Токму Роналдо отсуствуваше од гала-свеченоста во Париз, што не е прв пат Португалецот да избегне да биде дел од доденување на некоја награда, доколку тој не е освојувач. Кристијано синоќа сепак освои награди и тоа за најкорисен играч во Серија А за минатата сезона и се појави на свеченоста во Милано.

Многумина го критикуваа Роналдо за недоаѓањето во Париз, а Меси беше еден од оние кои застана во одбрана на големиот ривал.

„Ако можеше да дојде, Роналдо ќе се појавеше во Париз. Немојте од неговото недоаѓање да правите сензација. Нема потреба од тоа. Имавме одлична галавечер и тоа е тоа“, рече Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести