Лионел Меси повторно зборуваше за крајот на кариерата, тој најави дека ќе се пензионира кога ќе почувствува дека повеќе не може да игра на високо ниво.
Аргентинецот не потенцираше кога ќе се случи тоа, но рече дека самиот ќе го препознае тој момент.
„Знам дека во моментот кога ќе почувствувам дека повеќе не уживав, дека не можам да им помогнам на соиграчите или ќе почувствувам дека повеќе не можам да играм, ќе ја завршам кариерата. Јас сум самокритичен, знам кога сум добар, кога сум лош, како и кога играм добро. Сè уште не сум размислувал што ќе правам кога ќе се повлечам. Засега се обидувам да уживам во фудбалот од ден во ден, да уживам во моментите и да не размислувам за живот по фудбалот“, изјави Меси.
Тој не пропушти да ја спомене Барселона, клубот во кој помина точно две децении. Меси призна дека никогаш не сакал да ја напушти Барселона и дека му било тешко кога си заминувал. Аргентинецот во летото 2021 година си замина од Барселона, која не можеше да го регистрира неговиот договор и потпиша за ПСЖ, каде што помина две сезони пред да се пресели во Интер Мајами.
„Тоа беше тешка промена бидејќи ми беше добро во Барселона и мислев да останам таму. Не бев подготвен за заминување, но сè се одвиваше многу брзо. Морав за еден ден да изградам нов живот, да запознаам друга лига, друг клуб, нова соблекувална. Тоа беше промена која не ја баравме со семејството“ вели Меси.