Францускиот медиум L‘Equipe го објави годишниот извештај за примањата на фудбалските ѕвезди. Во топ 10 листата се најдоа играчи од Премиер лигата, Ла Лига, Серија А и Лига 1, а нема ниту еден фудбалер од германската Бундеслига, додека примањата се пресметани пред одбивање на данок.
На врвот е Лионел Меси, кој заработува 8,3 милиони евра месечно, што е двојно повеќе од ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо. Португалецот по преселбата во Торино зема 4,7 милиони евра секој месец. Како трет најплатен фудбалер е францускиот репрезентативец и играч на Атлетико Мадирд, Антоан Гриезман со 3,3 милиони евра.
Нејмар е четври со малку повеќе од три милиони евра месечно, додека првата петорка ја комплетира Луис Суареа со 2,9 милиони евра. Најплатениот фудбалер од Премиер лигата е Алексис Санчес од Манчестер јунајтед, а тој е седми на листата со 2,3 милиони евра.
Иако Роберт Левандовски е најплатен играч во Бундеслигата, тој е веднаш под Топ 10 листата со 1.3 милиони евра месечна заработка.