Меси згази дрес на Барселона, реакцијата на Аргентинецот се кажува

Лионел Меси со својот Интер Мајами гостуваше кај Атланта, а во една необична ситуација, дрес на Барселона се најде под неговата нога.

Додека излегуваа фудбалерите на Интер Мајами на теренот, еден навивач од трибините фрли дрес на Барселона кој заврши директно под ногата на Меси. Аргентинецот за малку и ќе се сопнеше од дресот, а откако сфати што се случува и кој дрес е тоа, остро погледна кон трибините да види кој ги фрлил дресот на клубот во којшто тој помина речиси две децении.

Меси уште како 13-годишно дете дојде во Барселона и секогаш покажувал почит кон клубот во којшто се стекна со светска слава.

- Оглас -

Најнови вести