Лионел Меси со Аргентина ја освои титулата од Светското првенство во Катар, минатата зима, но сè уште останува во сеќавање потегот на најдобриот светски фудбалер на четвртфиналниот дуел против Холандија, кога Аргентинецот со рацете на ушите го провоцираше селекторот на противникот, Луис ван Хал.
Аргентина водеше со 2-0, па следуваше провокацијата на Меси кон тренерот кој претходно ја критикуваше неговата игра.
„Го прославив голот со рацете на уши и веднаш зажалив за тоа што го направив. Веднаш си помислив, каков идиот сум, сè уште можат да израмнат. Тоа обично така се случува“, рече Меси на ЕСПН.
И бил во право бидејќи Холандија успеа да израмни на 2-2, а откако немаше погодоци во продолженијата, мечот беше решен по изведувањето на пеналите.