29.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Месиманија во Мајами, навивач го бакна Аргентинецот (Видео)

На два дена до официјалната промоција на Лионел Меси како нов фудбалер на Интер Мајами, еуфоријата на Флорида е сè поголема кај фудбалските фанови.

Навивачите, но и медиумите го следат секој чекор на Меси, а еден од нив имаше блиска средба со Аргентинецот.

Навивач облечен во дрес на аргентинската репрезентација, го начека Меси кога го напушташе италијанскиот ресторан „Кафе прима паста“ на кој беше на вечера со сопругата, му пријде и го бакна.

https://twitter.com/i/status/1679430466544496640

- Оглас -

Најнови вести