22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Месиманијата во Мајами не стивнува, продадени сите сезонски билети за следната сезона

Со доаѓањето во Интер Мајами на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, буквално владее вистинска Месиманија во САД, а посебно на Флорида од која освен Аргентинецот, добро профитира и неговиот клуб.

Интер Мајами објави дека уште сега ги распродал сите сезонски билети за следната сезона.

https://twitter.com/InterMiamiCF/status/1730226634219729266?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet

Иако екипата не успеа да се пласира во плејофот оваа сезона, тоа не ги спречи фановите да ги купат сезонските билети кои се продаваа по цена од 2.000 до 5.000 долари.

Стадионот „ДПВ ПНК“ во Форт Лодердејл има капацитет од 21.000 седишта, а клубот објави дека за секој меч на домашен терен, ќе има одреден број на билети за продажба.

- Оглас -

Најнови вести