Местата за СП 2026 брзо се пополнуваат, веќе се познати 13 учесници на завршницата

Бразил и Еквадор се новите две земји кои се радуваат на пласман на завршница на Светското првенство 2026 година. Овие две јужноамерикански селекции ѝ се приклучија на Аргентина, која од претходно имаше виза за Мундијалот.

Вкупно 13 репрезентации имаат обезбедено место на завршницата на историскиот планетарен собир, каде што за првпат ќе учествуваат рекордни 48 национални селекции. Освен трите јужноамерикански земји, местото на завршницата автоматски го имаат обезбедено и трите кодомаќини, САД, Мексико и Канада.

Преку квалификации, за СП 2026 година веќе се знаат дури шест селекции од Азија. Австралија го продолжи континуитетот на место на завршницата, а тука се и Иран, Јапонија, Јужна Кореја. Од Азија има и два дебитанта, а тоа се Јордан и Узбекистан.

Од Океанија сигурен на завршницата е и Нов Зеланд. Засега нема ниту една репрезентација на СП 2026 од Африка и од Европа.

- Оглас -

Најнови вести