Поранешен соиграч во Ним на македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е приведен од француската полиција за поттикнување на малолетничка проституција.
Француските медиуми сè уште не го именуваат фудбалерот на Ним, кој наместо на терен против Ажаксио, вчера заврши во притвор. Обвинението е дека им бил макро на најмалку две малолетни девојки, па бил приведен поладнето откако се подготвувал за настап на вечерниот меч од 20.45 часот што Ним го загуби со 0:2 од Ажаксио во Втората француска лига.
Приказната е неверојатна и играчот првично пријавил кражба на луксузно возило од неговиот дом. Биле приведени две малолетнички на возраст од 17 години. Во текот на истрагата тие пријавиле дека имале сексуални односи со фудбалерот на Ним, но и со други лица во станот на второлигашкиот играч.
NÎMES OLYMPIQUE Un footballeur professionnel arrêté et placé en garde à vue depuis hier https://t.co/V5fIBApYoI
— ObjectifGard (@objectifgard) October 19, 2021
Стојановски пред две години од Ренова се пресели во Ним за трансфер вреден околу 3 милиони евра, но малку играше за тогашниот француски прволигаш. Одигра само шест натпревари во Лига 1 и потоа беше позајмен во второлигашот Шамбли, а моментно игра за Горица во Првата фудбалска лига на Хрватска.