22.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Место презимиња паролата од протестите во САД на дресовите на премиерлигашките фудбалери

Премиерлигашките фудбалери донесоа одлука до крајот на сезоната на дресовите да ги нема нивните презимиња, а новитетот е што ќе ја носат ознаката „Животите на црните луѓе се важни“, или во оригинал „Black Lives Matter“.

Паролата е позната и е од масовните протести во САД по убиството на Џорџ Флојд, кој настрада, отако и буквално беше задушен од полицаец во обидот да биде приведен.

„Ние играчите сме заедно за праведна работа и се бориме против било каков вид на расизам. Без разлика каде се случува и без разлика на бојата на кожата, вера и религија“, објави здружението на професинални фудбалери во Премиерлигата.

Секој гест на поддршка со познатото клекнување на колена што е симбол на масовните протести во САД, но и во другите земји на планетата ќе биде подржан од фудбалерите што настапуваат во најсилното првенство во Англија.

- Оглас -

Најнови вести