Место трипл-дабл, Дончиќ доби шамар од тренерот (Видео)

На Лука Дончиќ му недостасуваа само две асистенции за да стигне до четвртиот трипл-дабл во последните пет меча во НБА. Словенецот блескаше на теренот и за 29 минути постигна 24 поени, а имаше и 14 скока во победата против Мемфис. Откако по три четвртини Далас се стекна со сигурна предност, Лука беше повлечен и воопшто не играше во последната четвртина.

Сепак, еден момент посебно го збуни Дончиќ. Словенецот даде тројка и тргна кон клупата, каде го пречека помошникот тренер Џамал Мосли кој нешто му рече а потоа го удри по лицето. Очигледно дека тоа беше добронамерен потег, но можно е шлаканицата да беше малку посилна од очекуваното, па Дончиќ не реагираше баш пријателски, туку нешто тивко искоментира и се повлече.

 

- Оглас -

Најнови вести