Еден Азар ќе ја добие „седмицата“ во Реал Мадрид, број на дресот што кај кралскиот клуб го прослави Кристијано Роналдо.
Се очекува само официјална потврда за трансферот на белгискиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 120 милиони евра, која е прифатлива за Челси.
Роман Абрамович се согласил да го продаде најдобриот играч, а Реал дозволил Азар да игра во дрес со број 7.
Белгиецот не инсистирал на „десетката“ што ја имаше во Челси, а ќе видиме како ќе функционира под притисок на успесите што популарниот ЦР 7, односно Кристијано Роналдо ги имаше со Реал Мадрид.
Со ваквата најава на шпанските медиуми, Лука Модриќ ќе ја задржи „десетката“ ако остане во Реал, а од дресот со број 7 ќе треба да се прости напаѓачот Маријано Дијас.