Место во Париз си отиде дома: Една дилема помалку околу тоа кој ќе ја освои Златната топка

Вечерва во Париз треба да се дознае името на новиот освојувач на „Златна топка“ која традиционално ја доделува „Франс Фудбал“.

Како се доближува времето на дознавање на победникот, шпекулациите се се поголеми. Според сите прогнози, во Топ 3 играчи ќе бидат Лионел Меси, Карим Бензема и Роберт Левандовски.

Најчести се најавите дека Меси ќе биде освојувач на „Златната топка“, што би била рекордна седма за Аргентинецот. Меси и Левандовски ќе бидат присутни во Париз, а откако стана јасно дека Бензема нема да биде дел од церемонијата, тоа значи дека Французинот сигурно нема да биде освојувач.

Бензема синоќа играше за Реал Мадрид, а потоа тргна кон Франција, но не во Париз, туку во неговиот роден град, Лион. Бензема и во Лион нема да се задржи долго затоа тоа веќе в среда го чекаат нови предизвици на клупско ниво. Кралскиот клуб треба да игра против Атлетик Билбао во Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести