Месут Озил: Еден народ, две држави!

Фудбалерот Месут Озил подолго време е надвор од тимот на Арсенал, со којшто има богат договор и уште е најскап играч на Топчиите (350.000 евра неделно), слободното време го користи за политички провокации. Овојпат тој го поддржа Азербејџан во војната со Ерменија околу областа Нагорно Карабах.

Озил е германски фудбалер со турско потекло, но во последно време чувствата кон Турција му се силно изразени. Тој на социјалните мрежи објави цитат од првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

„Проблемот на Азербејџан е проблем и за сите нас, нивната среќа е и наша среќа“, напиша Озил и објави заеднички знамиња на Турција и Азербејџан, со додавка: „Еден народ, две држави“.

Официјална Турција отворено го поддржува Азербејџан, во чии географски граници е сместен Нагорно Карабах со претежно ерменски државјани, испраќа и воена помош, а изјавата на Озил нема да му се допадне на неговиот некогашен соиграч Хенрих Мхитарјан, кој е Ерменец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести