Легендарниот германски фудбалер со турско потекло, Месут Озил, и официјално доби политичка функција во партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Поранешниот фудбалер е именуван во Централниот одбор за одлучување и управување, што му дава значајна политичка функција во политичката партија, но и воопшто во политичките процеси во земјата.
Озил уште како фудбалер често знаеше да се дружи со Ердоган, па многумина му забележуваа, но тој остана доследен на своите политички убедувања, а сега и официјално се вклучи во политиката.
Германскиот фудбалер најголем белег остави во дресот на Арсенал, каде што одигра 254 натпревари, додека дресот на Реал Мадрид го носеше на 159 меча.