Металург ѝ дозволи на Спачва да извојува пирова победа

Скопски Металург без поголеми проблеми ја одбрани предноста од 35-28 која ја имаше по првиот меч против Спачва во ракометната Луга Европа, па вечерашниот пораз во Винковци од хрватскиот тим со 25-29 и не е толку болен.

Металурзите целосно ја контролираа ситуацијата и резултатот во првото полувреме кое заврши со 14-14. Уште тогаш беше јасно дека Спачва нема реални шанси да победи со седум гола разлика или поубедливо, но домашните на четири минути до крај имаа позитива од четири разлика и се понадеваа на чудо. Сепак, тимот на тренерот Зоран Кастратовиќ не дозволи кикс во финишот и се пласираше во следната рунда квалификации во Лига Европа.

Канкараш и Мариќ со по 5 гола вечерва беа најефикасни во тимот од Автокоманда, Хорват постигна 4, а Тарабокија три.

- Оглас -

Најнови вести