Металург го расипа ракометниот ден на домаќините

Металург го расипа победничкиот ден за домашните екипи со триумф на гостински терен против Прилеп, со убедливи 28:21.

Предводени од хрватскиот ас Златко Хорват, кој постигна 10 гола, Металурзите лесно ја разрешија енигмата околу победникот во Прилеп.

Во останатите мечеви од второто коло во двете групи од Суперлигата апсолутно доминираа домаќините и забележаа пет победи.

Почнаа со убедлив триумф на втората екипа на Еурофарм Пелистер, која го декласираше Работнички со 35:23, а заврши со двоцифрен успех и на Бутел против Младост со 33:23.

Струга беше поуспешна од Јуниор КВ и славеше со 22:20, а Радовиш и Тинекс Пролет ја продолжија низата победи на домашните екипи.

Радовишани славеа со 33:29 против Голден арт КЛ7, додека скопјани беа подобри од Струмица и победија со 33:24.

- Оглас -

Најнови вести