Ракометарките на Металург на убедлив начин со победа против Стружанка од 32:18 го освоија пехарот во домашното првенство и се вратија на тронот по 7 години пауза.
По распадот на шампионската машинерија на Вардар, сега дојде редот на ракометарките на Металург да доминираат на домашната сцена, а тоа го потврдија со титула во првенството.
Гичевска и Граматова денеска беа најрасположени во таборот на новите ракометни шампионки и со по 10 погодоци, го предводеа Металург до тронот во домашното првенство.