Металург ќе брка негатива од пет гола во реваншот со Горење

Горење Велење го победи Металург со 24:19 во првиот меч од последната филтер фаза пред формирањето на групите во ЕХФ купот.

Реваншот според прикажаното вечерва ќе биде тежок за Металург, но мисијата не е невозможна, а во Скопје следната недела ќе се атакува на пласман понатаму.

Шансата за подобар резултат беше пропуштена во финишот на првото полувреме кога при резултат од 10:7 за нашиот претставник Чантурија промаши седмерец.

Домаќините го искористија тоа и намалија на 10:11, што беше и резултат на полувремето. Следеше голем пресврт на Горење и во 44. минута беше 18:13 за словенечкиот претставник. Таа разлика остана и на крајот, па Металург ќе треба да анулира минус пет и да внимава да не прими повеќе од 20 голови, што е тешка мисија.

Серафимов со 4 голови беше прв стрелец кај гостите, пред Танкоски, Мариќ и Поповиќ со по три гола.

 

- Оглас -

Најнови вести