Металург немоќен да го запре силниот пикер Јакобсен

Тулуз го совлада Металург со 33-29 во меч од првото коло во групата А од ракометната Лига на Европа на ЕХФ. Металурзите одиграа солидно во нападот, но потфрлија во одбраната, особено против пикерот Хенрик Јакобсен, кој им даде 9 гола од шута. Домашните во најголем дел од мечот водеа со два до пет гола разлика и на крај дојдоа до победа.

Најефикасен во тимот од скопската Автокоманда беше Милан Поповиќ со 9 гола, Момир Рниќ постигна 7 гола, додека Тарабокија даде 5. Покрај Јакобсен, кој со 9 гола беше најефикасен поединец, кај Тулуз седум погодоци даде Бен Халим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести