Металург очекува победа против Бешикташ

Тренерот на машкиот ракометен клуб Металург, Данило Брестовац, верува дека неговиот тим има квалитет во недела да го совлада Бешикташ во Лигата на шампионите и да дојде до првата победа сезонава на еден официјален меч.

Во првото коло од групата во ЛШ, Металург загуби од Спортинг Лисабон, а задутре од 17 часот, во „Борис Трајковски“ игра дома против турскиот тим Бешикташ.

„Конечно сме комплетни, работиме добро и моите очекувања се дека ќе победиме. Треба да играме добро сите 60 минути, а не само 30, како на претходните натпревари. Ќе ни треба и среќа, поклопување на коцките. Со помош на публиката и со голема мотивација и паметна игра, мислам дека можеме да ја оствариме целта“, вели Брестовац.

Мартин Велковски, кој се врати на дуелот со Извиѓач во СЕХА-лигата, рече дека во ЛШ нема лесни мечеви, Турците се искусен тим, добро го познаваат, против нив секогаш играле интересни дуели и очекува барем бод.

- Оглас -

Најнови вести