Пелистер ќе игра со Рајн Некар левен, Кадетен Шафхаузен, унгарска Татабања, дански Гог и против ТримоТребње во фазата по групи во ЕХФ Европа Лигата, а тешка група со неколку екипи што играле и во Лигата на шампионите има и Металург.
Тимот од Автокоманда ќе се потсети на мечевите од ЛШ против Чеховски Медведи, Висла Плок и Адемар Леон, а во нивната група е и францускиот тим Тулуз и аутсајдерот од Австрија Фејверс.
Битолчани се во А групата и ќе се обидат да се пласираат во следната фаза во ЕХФ Европа Лигата, а исти се и амбициите на металурзите од Скопје кои се најдоа во Д групата.
Еве го составот на сите четири групи во второто по квалитет ракометно натпреварување во Европа.