Италија ја победи Украина и се создаде метеж во групата: Три селекции имаат по седум бода!

Македонија очекувано ги освои трите бода на гостувањето кај Малта и со оваа победа, нашите фудбалери ги задржуваат шансите во борбата за место на ЕП 2024 година. Освен Македонија, вечерва победи и Италија, и тоа во дуелот против Украина. На мечот одигран на „Сан Сиро“ во Милано, Давиде Фратеси уште во првиот половина час од играта постигна два гола за Аѕурите, а Јармоленко намали на 1:2.

По овие два денешни резултати, на табелата во Ц групата е вистинси метеж. Англија е лидер со 13 бода, а потоа следуваат три селекции со по седум бода. Италија, Украина и Македонија имаат по седум бода, но Аѕурите се со четири одиграни средби, а Македонија и Украина имаат пет средби.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе гостува кај Украина, потоа игра на гости и во Италија, а на крајот од квалификациите ќе бидеме домаќини на Англија. Калкулации има многу, а единствено јасно е дека Македонија нема да се предаде до крајот и ќе се бори по вторпат да биде дел од континентален собир.

- Оглас -

Најнови вести