„Метла“ му се заканува на Њујорк, Далас не му се дава на Сент Луис

Каролина хурикејнс е на чекор од пласман во конференциското финале на Истокот откако ноќеска до 3-0 во серијата против Њујорк ајлендерс дојде со триумфот со конечни 5-2. Како ураган хокеарите на Каролина дојдоа до новата победа, па сега на Островците им се заканува елиминација со „метла“ доколку загубат и во второто гостување.

Неивесноста на средбата траеше само во првите два периоди, во кои двете екипи беа неразделни при резултат од 2-2. Но, домаќините со гол-шоу во последните десетина минути од мечот ја израдуваа домашната публика. За водство од 3-2 погоди Вилијамс, а Тераваинен и Ахо во финишот искористија празма мрежа за лесни погодоци.

Далас старс ја врати неивесноста во серијата против Сент Луис блус и израмни на 2-2 со ноќешниот триумф од 4-2 на домашен терен. Ѕвездите брзо закрепнаа од „брејкот“ на Сент Луис и најавија дека оваа серија може да одлучува во мајсторка.

Откако гостите поведоа преку Тарашенко, Далас се разигра и постигна четири погодоци во низа пред стартот на последните 20 минути од мечот. Томас намали на 4-2 на седум минути до крајот, но тоа никако не беше доволно за гостите од Сент Луис.

- Оглас -

Најнови вести