Метлата на Зидан ќе го фати и Навас

Кејлор Навас ќе биде меѓу играчите што ќе го напуштат Реал Мадрид летово, објавија шпанските медиуми. Навас има уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, но планот е да се ангажира помлад голман од 32-годишниот репрезентативец на Костарика.

Навас ја има улогата на резерва на Тибо Куртоа во Реал, но кога добиваше шанса бранеше одлично. За него понуди има од Англија и можно е Кејлор да брани идната сезона во Премиерлигата.

Навас сезонава бранеше на 9 меча во Ла Лига за Реал Мадрид, а тоа е трипати помалку од ланската сезона. Куртоа беше прв избор на Зидан и на тренерите што го предводеа Реал од клупата оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести