Метличиќ: Тој што воведе игра 7 на 6, нема поим од ракомет

Петар Метличиќ, некогашниот хрватски репрезентативен десен бек, е голем противник на тактиката со која македонската репрезентација играше на најголем дел од натпреварите на Светското првенство во ракомет. Метличиќ смета дека тактиката играње во напад со играч повеќе, а без голман на голот ќе го уништи ракометот каков што го познаваме.

Хрватскиот селектор Лино Червар упорно форсираше ризична игра „7 на 6“ на дуелот со Бразил, меч на кој „коцкестите“ беа поразени и надиграни, па сега ќе се мачат ако сакаат полуфинале на Мундијалот во Германија и Данска.

„Упорното инсистирање на игра без голман не беше најдобро решение за стигнување на резултатска негатива. Екипата дополнително се троши, а потоа секој примен погодок на празен гол ја намалува самодовербата. Според мене, тоа правило го уништува ракометот, а тој што го воведе, нема поим од ракомет. Таа тактика некогаш може да донесе нешто добро, но премногу е ризична бидејќи се примаат многу непотребни голови“, критикуваше Метличиќ.

Вечерва Хрватска игра со домашната Германија и мора да победи ако сака да се бори за медал.

- Оглас -

Најнови вести