Мец експресно се врати во Лига 1, Римс во пет дена ги загуби и финалето на Купот и баражот (Видео)

Екипата на Мец по пауза од една сезона се враќа во француската Лига 1 и тоа на ист начин како и што испадна, со победа во баражот. Поранешниот вицешампион на Франција откако одигра нерешено, 1-1, против Римс на домашен терен, на реваншот славеше со 1-3 и тоа после продолженија.

Тиа во 57-мата минута го донесе Римс во водство од 1-0, а Удол го спаси Мец од пораз и го однесе мечот во продолженија, Таму погодија Тури и Хејн за голема радост на навивачите на Мец.

Римс во само пет дена ги загуби двата најважни дуели сезонава, финалето на Купот, но и баражот за опстанок во елитата.

- Оглас -

Најнови вести