Фудбалерот на Интер, Хенрик Мхитарјан, вечерва има шанса да испише историја на европската сцена. Доколку неговиот тим го победи Пари Сен Жермен во финалето од Лигата на шампионите, Ерменецот ќе стане првиот фудбалер што како стартер освоил трофеи во сите три најголеми клупски натпреварувања на УЕФА.
Мхитарјан беше во стартниот тим на Манчестер Јунајтед при триумфот над Ајакс (2-0) во финалето на Лига Европа во 2017 година, а пет години подоцна стартуваше и за Рома во победата против Феенорд (1-0) во првото историско финале од Конференциската лига во 2022.
Очекувањата се дека Мхитарјан ќе биде дел од стартниот состав и вечерва под водство на Симоне Инзаги, во обид Интер да стигне до својата четврта титула во Лигата на шампионите.
Засега, единствениот фудбалер што има освоено трофеи во сите три натпреварувања е Емерсон Палмиери, но тој не беше стартер во финалето на ЛШ со Челзи во 2021 година, туку остана на клупата. Тој играше за Челзи и Вест Хем во финалето на Лига Европа (2019) и Конференциската лига (2023), но неговата улога не беше секогаш клучна како што е онаа на Мхитарјан.