Мхитарјан: Цел живот ќе мислам на овој офсајд против Барселона

Фудбалерот на Интер, Хенрик Мхитарјан, со емоции се наврати на моментот кој можеше да го промени текот на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона, кој заврши со спектакуларни 3-3. Ерменецот постигна гол во 75-та минута, но истиот беше поништен поради минимална офсајд позиција од само неколку сантиметри.

„Можеби ќе мислам на тоа до крајот на животот. Тоа беше момент во кој можевме да поведеме, но за жал бев во офсајд за 2-3 сантиметри“, изјави Мхитарјан по натпреварот.

Тој истакна дека тимот останува со високо кренати глави и верува во позитивен резултат во реваншот.

„Главите ни се високо. Се надеваме дека ќе постигнеме позитивен резултат во вториот меч во Милано.“


„Не можам да кажам што ќе се случи, но можеме да направиме повеќе кога напаѓаме и ја контролираме топката. Очигледно е дека Барселона е многу силен тим, но и ние сме“, заврши играчот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести