Ми застана срцето, вели девојката на фудбалерот на Фенербахче кого го бркаа со остриот дел од корнер знамето!

Девојката на турскиот фудбалер Мерт Мулдур, Анѓела Копрена, на „Инстаграм“ сподели снимка како еден навивач на Трабзонспор го брка Мулдур со корнер знаменцето, со намера да го прободе со остриот дел кој се забива во земја за да стои знаменцето и личи на копје.

„Ми застана срцето на една минута“, напиша потресената Анѓела, која е Србинка од БиХ.

За среќа, Мерт мина неповреден, но големиот инцидент кој се случи синоќа остави темна дамка врз турскиот фудбал, особено што оваа земја треба да биде домаќин на ЕП 2032 година.

Погледнете како Мерт бегаше од напаѓачот со остриот предмет, а за среќа, тука се најде и еден редар:

- Оглас -

Најнови вести