Македонската пливачка Миа Еминова Блажевска испиша нова страница во македонското пливање, поставувајќи нов апсолутен национален рекорд во дисциплината 50 метри пеперутка.
На Европското првенство до 23 години кое се одржува во Шаморин, Словачка, Еминова ја исплива делницата со време од 28.42 секунди, со што го подобри сопствениот рекорд од 28.56 секунди.
Овој успех претставува значаен чекор напред во нејзината кариера и уште една потврда на нејзиниот континуиран напредок и посветеност во водите на европското пливање.