Мичел: Жирона ќе се бори за место во Лигата на шампионите

Тренерот на шпанската овосезонска сензација Жирона, Мичел, пос поразот на неговиот тим од Атлетик Билбао, полека како да се откажува од борба за титулата и рече дека ќе се борат за место во Лигата на шампионите.

„Три кола по ред не победуваме, но тоа беа тешки мечеви со силни противници, а освен против Реал Мадрид, на другите два меча прикажавме добра игра. Во Билбао дадовме два гола, но грешевме во одбраната. Има уште многу да се игра, уште сме во привилегирана позиција, мислам дека освен Реал, ние другите ќе треба да се бориме за место во ЛШ“, рече тренерот Мичел.

На 13 кола до крајот на првенството, Жирона е втора на табелата, со шест бода помалку од лидерот Реал Мадрид, а Реал е подобар и во меѓусебните дуели, па практично Жирона е во негатива од седум бода.

По синоќешниот пораз на Жирона, се заострува битката за местата од второто до четвртото место, кои водат во ЛШ. Сега Жирона има само два бода повеќе од третопласираната Барселона, пет бода плус од четвртиот Атлетико Мадрид, а седум бода повеќе од Билбао, кој исто така е во игра за пласман во елитното европско клупско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести